Момчето на Тејлор Свифт за нејзиниот нов албум: „Слушнав дел, неверојатен е“

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Тејлор Свифт стана првиот изведувач кој дури четири пати ја освоил Греми наградата за најдобар албум.

На доделувањето на Греми наградите, пејачката ексклузивно откри дека на 19 април ќе објави нов албум, под називот The Tortured Poets Department.

Нејзиното момче, Тревис Келси, се огласи откако Тејлор испиша историја.

„Таа е неверојатна, сама ја испишува историјата. Тејлор има неверојатна база на обожаватели кои ја следат и ја поддржуваат во нејзиниот живот“, рече Тревис на прес-конференцијата пред Суперболот.

Во неделата, Тејлор го собори рекордот и стана првата жена изведувач која четири пати ја добила наградата за албум на годината. Така, таа ги надмина некои од најголемите пејачи на сите времиња – Френк Синатра, Стиви Вондер и Пол Сајмон. Покрај Греми за албум на годината, таа ја доби и наградата за најдобар поп вокален албум.

Тревис на прес-конференцијата откри и дека преслушал дел од новиот албум на Свифт, кој излегува наскоро.

„Слушнав само дел и е неверојатен. Едвај чекам да го потресе целиот свет кога ќе излезе“, рече тој.

Слични содржини