Пред Клиниката за рехабилитација „Физио центар“ во Нов Белград, утрово повторно се случи инцидент, кога лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, го нападна Дејан Дубајиќ, правен застапник на Физио центарот.

Се појави и видеото од овој инцидент на кое се гледа како Јовановиќ како доаѓа пред Физио центарот, влегува во расправија со Дубајиќ, замавнувајќи кон него и му ги зема наочарите. Во тој момент, сопругата на лидерот на ЛДП го одвлекува.
До конфликт доаѓа и пред влезот во Физио центарот, кога Јовановиќ по втор пат ги зема очилата на Дубајиќ.