Министерството за образование и наука преку соопштение јавноста за заостанатите долгови на Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“.

„Имено, согласно податоците за неподмирени и преземени обврски на ДСЦ „Скопје“ – Скопје, до 31.05.2017 година, долговите достигнуваат 282.754.637,00 денари, како што може да се види и од прилогот кој Ви е доставен. Само за илустрација, на име на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт ДСЦ „Скопје“ има долг од 101.720.685,00 денари до крајот минатиот месец.
Доколку, раководството на ДСЦ „Скопје“ – Скопје, навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ но и во останатите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите“, се наведува во соопштението.
Министерството за образование и наука потсетува дека вложило напори за надминување на проблемот со струја во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и студентите кои се сместени во него да ги добијат основните услови за престој.