Монако ќе се прошири со 6 хектари

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Кнежеството Монако планира до 2025 година да ја зголеми површината со 6 хектари за сметка на Средоземното Море, соопшти претседателот на Управата за туризам Гијом Роз. “Во рамките на проектот за пресушување на крајбрежната зона ќе бидат изградени нови луксузни домови, ќе биде формирана и нова градина, која ќе го промени изгледот на Монте Карло. Завршувањето на проектот е планирано за 2025 година “, рече Роз.

Во новиот еко кварт ќе има станбени згради, канцеларии, внатрешно пристаниште, парк и крајбрежна улица.

Според податоците на Управата за туризам растот на туристичкиот поток во кнежеството во 2016 е зголемен за 4.000 лица и бил 890 000 туристи.

Монако е уставна монархија и град-држава во Западна Европа, сместен меѓу Медитеранот и Франција. Тоа е една од петте европски микродржави и втората најмала држава во светот по Ватикан.

Монако е најнаселена држава со население од 32 410 лица кои живеат на површина од 1,95 к. километри. Главниот град е Монако, а најголемиот град – Монте Карло. На чело на Монако е кнез Алберт Втори.

Законодавната власт му припаѓа на кнезот и Националниот совет, кој е од 18 пратеници и се избира за период од 5 години. Извршната власт е на Владиниот совет, на чие чело  е премиер. Во моментов тоа е Патрик Локлерк.