Екипата Монако оствари значајна предност во дуелот против Вилјареал за пласман во групната фаза воЛигата на шампионите. На првиот натпревар од плејофот одигран синоќа на гости во Шпанија, францускиот тим славеше победа со 2:1.

Дербито од оваа рунда меѓу Порто и Рома заврши без победник.
Постигнати резултати на петте синоќешни натпревари од баражот за групната фаза во Лигата на шампионите:
Лудогорец – Викторија Плзен 2:0,
Селтик – Хапоел Бер Шева 5:2,
Дундалк – Легија Варшава 0:2,
Порто – Рома 1:1 и
Виљареал – Монако 1:2.
На средбите одиграни во вторникот беа постигнати овие резултати:
Ајакс – Ростов 1:1,
Динамо Загреб – Салцбург 1:1,
Копрнхаген – АПОЕЛ 1:0,
Стеауа – Манчестер Сити 0:5 и
Јанг Бојс – Борусија Менхенгладбах 1:3.
Реванш натпреварите ќе се играат на 23 и 24 август. /МИА