Монд: Скандал во Еулекс, станале корумпирани

од desk2
68 прегледи

Претседавачкиот судија на Еулекс Малколм Симонс поднесе оставка поради „случаите на корупција во рамки на мисијата“, пренесуваат приштинските медиуми, наведуваат од француски Монд.

„Последните недели пријавив некои случаи на корупција во рамки на мисијата. Конкретно, поставив прашање по повод тоа што друг судија на Еулекс го хакирал мојот мејл. Ја замолив британската Служба за надворешни односи и ЕУ да го проследат случајот во полиција. Одбија да ме поддржат“, вели Симонс.

Порталот „Kos-sev“ го пренесува текстот на Коха дека Симонс изнесол и други обвинувања против мисијата, со тврдење дека во потполност е политичка.

„Еулекс не е мисија која промовира владеење на правото и законите. Тоа е политичка мисија. Секој кој мисли поинаку е наивен или глупав“, вели Симонс.

Се наведува дека тој бил судија од почетокот на мисијата во 2008 година, додека со судскиот совет претседавал од 2014 година.

Како што наведува Монд, оставката на Симонс е „втор скандал од овие размери“ со кој мисијата се соочува од 2008 година, откако Марија Бамија изнесе одредени обвинувања во 2014 година.

Таа тогаш рече дека функционерите на мисијата примале мито од косовските политичари. Еулекс случајот го затвори во 2016 година, затоа што немало докази за нејзините тврдења.

Монд побарал реакција од надлежните, кои рекле дека Симонс „за жал сè уште не доставил никакви докази за своите тврдења.

Од друга страна, Симонс вели дека не сака да им ги препушти доказите кои ги има затоа што верува дека мисијата нема да дозволи истрага која ќе биде независна, а според протокол, тој мора да ги изнесе своите докази пред претпоставените во Еулекс, а тој сака случајот да го претстави на повисоко ниво пред канцеларијата на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Инаку, францускиот весник наведува дека меѓу судиите на Еулекс постои отровна атмосфера, како и дека обвиненијата на Симонс стигнуваат откако двајца колеги се жалеле на него пред дисциплинските тела.

„Во прашање се случаи кои дополнително ја нарушуваат репутацијата на европското тело кое често е обвинувано дека затвора очо пред осетливи случаи на корупција во име на стабилноста и на и понатаму нестабилната држава. Тоа толку се случува што делува дека Еулекс и неговите 800 добро платени вработени повеќе ги прифаќаат локалните обичаи отколку да се борат против нив“, пишува Монд.