Монографија на НГМ за творештвото на Адем Кастрати

од desk4
99 прегледи

  По отворањето на ретроспективната  изложба на дела од Адем Кастрати во јуни, Националната галерија на Македонија денеска во објектот Даут-пашин амам ќе промовира монографија за овој уметник. 

Кастрати (1933-2000) е еден од доајените меѓу албанските сликари во Македонија, кој најголем дел од животот го поминал творејќи во Скопје. Неговото име зазема значјано место меѓу ликовните уметници кои живееја и твореа на територијата на поранешна Југославија.

Роден е во косовското село Горно Карачево и припаѓа на првата генерација сликари по Втората светска војна. Бурните времиња во кои растел, созревал и се формирал како сликар, оставиле силна трага во неговото творештво.

Автор на монографијата за Кастрати е  Миџаит Положани, а ќе ја промовира ликовниот критичар Соња Абаџиева.