Монструозно злосторство на групата на Беливук: Обезглавиле навивач на Партизан, па се сликале со неговата глава!

од Nikola Popovski

Српската полиција пронашла череп во бунар во близина на викенд куќата во Ритопек, за кој се сомнева дека му припаѓа на навивачот на Партизан, Горан Величковиќ, кој бил киднапиран и убиен од Вељко Беливук, Марко Миjковиќ Маре и останатите членови на нивната криминална група.

Како што дознаваат српските медиуми, полицијата испразнила неколку бунари во околината на хорор викенд-куќата, а во едниот од нив пронашле остатоци од распарчено тело.

– Черепот е испратен на анализа и се чекаат резултатите – вели изворот за српски „Курир“.

Според него, Горан Величковиќ бил киднапиран на почетокот на август 2020 година, а последен пат бил виден на улицата Вишеградска во центарот на Белград. Неговата сопруга го пријавила неговото исчезнување, со образложение дека Гокси рекол дека ќе се сретне со некој другар, но дека тој не се вратил дома.

– Се сомнева дека осомничениот Вук Вучиниќ го чекал на паркингот во Вишеградска и со  автомобил „Смарт“ го одвел до неговата куќа во Ритопек, кој бил запленет при апсењето на Беливук и Миљковиќ. Според списите на обвинителството, Беливук, Миљковиќ и неколку непознати лица го пречекале во таа куќа – открива изворот.

Тој додава дека Величковиќ бил брутално измачуван пред смртта, со денови.

– Се претпоставува дека тој бил жив пет дена по киднапирањето. Миљковиќ, Беливук и други го измачувале на најмонструозен начин, наводно барајќи да ги отклучи шифрираниот телефон и апликацијата Скај. Тие го замолиле да им ги даде неговите шифри, а наводно нивната главна цел била да стапат во контакт со шефот на Гокси, кој важи за висок соработник на Шкаљарскиот клан, но и други блиски луѓе од светот на криминалот – објаснува изворото и продолжува:

– Откако го добија тоа што го побараа од жртвата, по незамисливо мачење, го убија и обезглавија. Се сомнева дека му ја положиле отсечената глава на грбот и се фотографирале, а фотографијата му ја испратиле на неговиот шеф, но и на други противници и некои соработници за да ја покажат својата супериорност, но и да им дадат до знаење што ги чека сите тие кои не се послушни.

Исто така, постои сомневање дека на Гокси му биле отсечени делови од телото и биле потопени во киселина.

– По злосторството, тие ја исчистиче викенд куќата со хемикалии со цел да ги избришат трагите од крв, ДНК и ја изгореле облеката на жртвата – вели изворот.

Вељко Беливук и неговата во моментов се осомничени за убиствата на Горан Величковиќ, Милан Лепоја и Здравко Радојевиќ, а се сомнева дека групата стои зад посериозни злосторства и најмалку 10 исчезнувања на лица.

Слични содржини