Москва: Во областа Харков откриено големо складиште за оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Припадниците на Националната гарда на Русија открија голем магацин со оружје и муниција во регионот Харков, кој им припаѓа на украинските сили за специјални операции, соопшти прес-службата на Националната гарда.

„Благодарение на навременото откривање на складиштето, Националната гарда ги наруши плановите на украинските националисти за ненадеен напад врз конвоите на руските војници“, наведува прес-службата, пренесува ТАСС.

При претресот и извидувањето, припадниците на Националната гарда открија голема залиха оружје и муниција на диверзантско-извидувачката група на украинските сили за специјални операции во округот Изум во областа Харков.

Слични содржини