MotoGP: Маркез на чело за ГП на Тајланд, Роси и Дови веднаш зад него

од Vlatko K

Лидерот во MotoGP, Марк Маркез го освои првите квалификации за ГП на Тајланд.

Пилотот на Хонда стана првиот пилот, кој освоил пол-позиција, на кој му било потребно да помине и преку двете квалификациски сесии. Шпанецот беше принуден да земе учество во Q1 не поради недостаток на брзина, туку поради грешка и несреќа во завршницата на третиот тренинг. Конечно, Марк ја освои својата четврта пол-позиција за сезоната 2018 година.

Пилотот на Јамаха, Валентино Роси, успеа да обезбеди второ место. „Докторот“ остана само 11 илјадите делови од секундата зад Маркез. Трет на тајландската писта „Чанг“ ќе се нареди Андреа Довициозо со Дукати.

Зад главното трио утре ќе стартува тимскиот колега на Роси во Јамаха – Маверик Вињалес, Крачлоу, Јаноне и вториот пилот на Хонда – Дани Педроса.

Слични содржини