Може ли Вухан да тестира 11 милиони луѓе за 10 дена: Кина започна со „невозможната“ мисија

од Nikola Popovski
141 прегледи

Кина објави амбициозен план за тестирање на целото население во Вухан, градот каде започна пандемијата на коронавируот. Одлуката следува по шест нови случаи на коронавирус во градот, за првпат од почетокот на април.

Властите првично ветија дека ќе ги тестираат сите 11 милиони жители за 10 дена, иако се чини дека тоа е невозможна мисија за многумина, пренесува BBC.

Колку време ќе трае тестирањето?

Кон крајот на април, покраинската влада на Хубеи објави дека 63.000 луѓе се тестираат секој ден во Вухан. До недела, 10.05, тој број се намалил под 40.000.

Постојат повеќе од 60 центри за тестирање во градот, според официјалниот весник во Хубеи. Тие имаат максимален капацитет од 100.000 тестови на ден, што ја отежнува целта за тестирање на целото население за 10 денови.

Властите објавија дека тестирањето нема да започне и да заврши во истиот десетдневен период.

„Некои области во градот ќе започнат со тестирање на 12 мај, а други на 17 мај, на пример. Секоја област ќе го заврши тестирањето во рок од 10 дена од денот кога започнала“објави Центарот за контрола на болести во Вухан.

Сепак, според извештајот на Ројтерс на 13 мај, подготовките започнале во само два од 13-те окрузи во градот.

Колку луѓе се тестирани досега?

До 14 мај, дури 2,7 милиони луѓе во градот веќе биле тестирани, јавуваат локалните медиуми.

Сепак, Јанг Занкви, директор на Одделението за патогена биологија на универзитетот Вухан, изјавил дека верува оти меѓу три и пет милиони жители на градот веќе биле тестирани.

Властите велат дека околу пет милиони луѓе го напуштиле Вухан за лунарната Нова година пред градот да биде блокиран на 23 јануари. Блокадата траеше до 8 април, а не се знае колку лица се вратиле досега.

Треба ли секој да биде тестиран?

Властите соопштија дека тестирањето ќе започне со луѓе со најголем ризик – на пример во старите, погусто населени места, како и оние со клучни работни места како што е здравствената заштита.

Исто така, лицата кои биле тестирани во претходните седум дена, нема да мора повторно да бидат тестирани.

„Вирусот може да трае подолго кај пациенти со слаб имунитет, а овие луѓе се исто така склони со „вклучувачки“ и „исклучувачки“, изјавил епидемиологот Ву Зуњу.

Тој додал дека „никогаш не може да се знае дали луѓето ќе се заразат откако ќе бидат негативни на тестот“. Сепак, постои страв од друг бран на инфекција во градот.