Можеме да здивнеме: Кучињата на Лејди Гага се вратија живи и здрави

од Nikola Popovski

Двата француски булдози, кои киднаперите и ги украдоа на Лејди Гага пред два дена, се вратени на поп-sвездата и сега се на сигурно, потврди полицијата на Лос Анџелес за американските медиуми.

Една од најблиските соработници на Лејди Гага, која моментално е во Лос Анџелес, додека снима филм во Рим, потврди дека тие се нејзините кучиња. Жената што ги вратила кучињата немала никаква врска со настанот од пред две ноќи.

Отпрвин не било сигурно како кучињата се нашле со неа, но полицијата потврди дека таа немала никаква врска со инцидентот.

Иако првично американските медиуми пишуваа дека е убиен Рајан Фишер, нејзиниот долгогодишен пријател, чувар и шетач на кучиња, кој бил нападнат таа вечер, „Гардијан“ сега наведува дека неговата животна состојба е загрозена, но дека лекарите предвидуваат заздравување.

Да потсетиме, Рајан Фишер ги шетал саканите кучиња на Лејди Гага по име Кои, Азија и Густав, во западен Холивуд во средата околу 22 часот, кога бил застрелан пред неговата куќа на авенијата Сиера Бонита. Полицијата брзо пристигнала на местото и го пронашла Фишер свесен, но во сериозна состојба.

Лејди Гага понуди половина милион долари на секој што ќе ги врати кучињата.

Слични содржини