Можен хаос и неколкучасовно чекање на аеродромите поради ковид сертификатите

од Stefanija Kuzmanovska

Здружението на најголемите европски авиокомпании и аеродроми предупреди дека ќе има хаос и неколкучасовно чекање доколку не се воспостави подобра координација меѓу земјите по пуштањето во употреба на дигиталните сертификати на ЕУ за ковид-19, пренесува „Танјуг“.

Европскиот систем на дигитални ковид сертификати ќе стапи на сила во четврток, но здружението на аеродроми АЦИ и здруженијата на авиокомпаниите А4Е, ИАТА и ЕРА со писмо предупредија до европските лидери за „загрижувачката разновидност на пристап“ ширум континентот, пренесува „Ројтерс“.

Бидејќи сообраќајот на патници ќе се зголеми во следните недели, ризикот од хаос на европските аеродроми е сериозен, се вели во заедничкото писмо испратено до европските лидери, во кое британската агенција има увид.

Слични содржини