Можност за отворање на летните тераси на угостителските објекти

од Берта Китинска
249 прегледи

Надлежните изминатите денови информираа дека е забележано намалување на бројот на заболени, односно епидемиолошката крива оди во надолна линија, но дека се уште е голем притисокот во болниците иако и бројот на новохоспитализирани е помал.

За тоа дали денеска дали ќе има олабавување на рестриктивните мерки ќе разговара Комисијата за заразни болести.Владиониот кризен штаб минатата недела препорача одредени рестриктивни мерки кои би важеле до 15 мај.

Нивниот предлог е од утре полицискиот час да почнува од 21 часот до 05 часот изутрина, како и да се отворат угостителските објекти за работа, но само летните тераси.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.

Слични содржини