– Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, јавува МИА.
Писмото е испратено на 9 ноември до Светиот синод на Бугарската црква по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно одлучено да се упатат одредени предлози и барања до сестринската црква.
– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, се нагласува во писмото.
Синодот од Скопје бара од БПЦ да воспостави „евхаристичко единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.
Со евентуалното потпишување меѓу двете цркви, се бара воспоставување единство меѓу двете епископии што ќе биде основа за „евхаристичко единство и со епископиите од останатите помесни православни цркви“.
МПЦ се надева на прифаќање на нивните предлози од Светиот синод на БПЦ „за доброто на секвукпната црковна полнота“
Локално.мк потсетува дека МПЦ единствен договор во својот пат на признание со сестринсите цркви има потпишано со Српската православа црква, и тоа се однесува на т.н Нишки црковен договор
Нишкиот нацрт договор меѓу комисиите на Македонската Православна Црква и на Српската Православна Црква, беше потпишан на 17 мај 2002 година во Ниш. Синодот на СПЦ, а подоцна и Соборот на Архиереи на Српската Црква го прифати тој договор. Синодот на МПЦ го отфрли. Сепак овој нацрт договор предизвика многу турбуленции и дополнителни проблеми за МПЦ.
Подоцна се случи и првиот и единствен внатрешен раскол во МПЦ од обновувањето на нејзината автокефалност во 1967 година.
МПЦ побара Бугарската православна црква да и биде црква-мајка
Многумина во СПЦ пред десетина години мислеа дека во ликот на Јован Вранишковски, тогашен Митрополит на Повардарската Епархија го нашле човекот кој со години го барале. Денеска 13 години подоцна се покаже дека решението за внатрешен раскол во МПЦ, како обид за растурање на македонската црква и затварање на прашањето со СПЦ се покажа како погрешно.



