Мразат да чистат: Нередот им е второ име на овие хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

Постојат дури 3 знаци на Зодијакот на кои нередот им е второ име:

Скорпија

Скорпиите се спремни темелно да ја исчистат куќата само доколку имаат важни гости, но и тогаш нема многу да се оптоваруваат бидејќи го имаат мотото „Ако дојдоа да ја гледаат мојата куќа, подобро да не доаѓаат“.

Претставниците на овој хороскопски знак сакаат да лежат во кревет, да гледаат телевизија, да играат игри, да јадат слатки – се друго, само за да избегнат чистење на домот.

Слично на тоа, Скорпијата е знак кој попрво би ја купил најновата роботска правосмукалка, најновата машина за миење садови, само за некој друг да ја врши напорната работа за чистење на куќата за нив.

Лав

За Лавот, неизмиените садови во мијалникот не се причина за грижа. Сигурно во одреден момент сето тоа ќе го средат, а дотогаш рамнодушно гледаат во нередот. Лавовите секогаш на прво место го ставаат својот личен изглед, а потоа се останато. Ако Лавот брза да стигне на работа, средувањето на креветот или средувањето на куќата нема да му бидат приоритет.

Лавот ќе претпочита да ангажира персонал кој ќе му помага во домашните работи додека тој се фокусира на заработката.

Чистењето на куќата е залудна работа за Лавот.

Јарец

Јарците не можат да се наречат неуредни луѓе, особено не машките припадници на овој знак. Но, едноставно не ги сакаат домашните работи. Тие повеќе би сакале да поминуваат часови гледајќи во телефонот или телевизорот и да не креваат прст за да исчистат нешто низ куќата.

Јарците се оние кои најчесто им ја делегираат работата за чистење на домот на своите деца. Јарците веројатно во одреден момент ќе ја исчистат куќата, но тогаш сигурно ќе се случи нешто незамисливо. Мора да има некоја екстремна вонредна состојба која ќе го принуди Јарецот сам да ја исчисти својата куќа.

Слични содржини