МТСП: Помош за семејствата без приходи и лицата кои останале без работа

од Берта Китинска
296 прегледи

На денешната прес-конференција заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар  и дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, ги соопшитја мерките и помошта која ќе ја добијат загрозените семејства.

-За децата ќе има помош бидејќи тие се најранливи на сите овие стресови за време на кризните ситуации.Владата донесе уредба правото на образовен додаток да продолжи да се исплаќа без разлика на тоа што во моментов немаме редовна настава. Целта е да се олесни пристапот на семејствата без приходи. Право на образовен додаток, од 700 денари за децата од основно образование и 1000 денари за децата од средно образование – рече Шкријељ.

Помош ќе има и за лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија.

-Со брз влез во системот на социјална заштита, ќе земаат минимална материјална помош.Висината на помошта ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на членовите на домаќинството, сметано од последниот месец, а мерката ќе трае два месеца за април и мај, најави Бајрактар.

Слични содржини