Mу ставија бајпас на Бекенбауер после скандалот

од desk3
106 прегледи

Легендата на германскиот фудбал Франц Бекенбауер претрпе операција на срцето за поставување на бајпас во саботата. Кардиолошка интервенција била планирана далеку пред швајцарските власти да отворат криминална постапка против Кајзер-от минатата недела, пренесува “Билд”.

1473057556kayzera

Според информациите на Најтиражниот германски весник 70-годишниот Бекенбауер бил во својот дом во Салцбург, кога полицијата извршила двочасовен претрес во петокот. Потоа патувал до Јужна Германија, за да се подготви за планираната операција.

Швајцарското главно обвинителство минатата недела започна истрага за наводна измама, кривична небрежност и перење пари. Истрагата е против Бекенбауер и двајца поранешни фудбалски шефови на Германскиот фудбалски сојуз, а нарушувањата се поврзани со кандидатурата на земјата за домаќинство на СП 2006.

Кајзерот кој е светски шампион со Германија како фудбалер и како тренер, признал дека правел грешки, но негира криминални дејства.