Менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо одлучи на пат за Ротердам да не поведе двајца играчи, кои викендот го почнаа натпреварот од Премиер лигата против градскиот ривал Манчестер Сити.
Португалскиот стратег не смета на Хенрик Михтаријан и Џеси Лингард за дуелот од првиот круг од Лига Европа против Феенорд в четврток (15 септември).

Двајцата играчи беа заменети на полувремето во 4.коло од Премиер лигата против Манчестер Сити, бидејќи Мурињо не беше задоволен од нивната игра.
– Најважна е користа на целиот тим. Ако ме прашате дали тие ќе играат во Ротердам, мојот одговор е не, изјави Мурињо за британските медиуми./MИА