Муцунски: Ќе именувам в.д. директор на училиштето „Љубен Лапе“, во најбрз рок ќе имаме решение

од Берта Китинска

Директорката на ОУ „Љубен Лапе“ поднесе оставка на функцијата и јас во текот на денот ќе именувам нов в.д. директор којшто ќе има приоритет да најде решение во училштето за проблемот, вели во изјава за „Локално“,градоначалникот на Општина Аеродром Tимчо Муцунски, по бојкотот на наставата во ова училиште поради обвинувањата на родителите за непрофесионално, неетичко и незаконско однесување и работење на наставничката по математика.

-Надлежностит за наствинот процес се на министерството за образование и државниот просветен инспекторат, но општината беше свесна за состојбите во училиштето и имавме повеќе средби и со директорката како и со родителите. Она што се случува во училиштето за нас е недозволиво. Ние лично се заложивме и јас како родител на дете и просветен работник разбирам за дел од гледиштата на родителите прв фокус ни е обезбдеување на непречен развој на децата во училиштата и во таа насока во најбрз можен рок, ќе имаме конкретно решение, вели Муцунски.

Денеска наставата беше бојкотирана од родителите и децата од шестите одделенија, кои рекоа дека веќе нема да дозволат наставничката по математика да се изживува врз нивните деца.

-Ги исцпривме сите законски можности, но реакција од надлежните нема. Наставничката по математика и натаму ги учи нашите деца, а досега сме поднеле повеќе жалби за нејзиното однесување со учениците кажа родителите кои беа собрани пред основното училиште.

Слични содржини