Муцунски за интервјуто на Заев: Како политичари треба да бидеме одговорни за секоj јавно искажан збор

од Nikola Popovski

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски смета дека како политичари треба да бидат одговорни за секоj нивен јавно искажан збор.

„Таа одговорност има два елементи, одговорноста на вакви специјални изјави може да има негативни импликации врз меѓународните позиции на државата, но и дополнително да развијат сериозни фрустрации и многу длабока разочараност кај нашите граѓаните“, истакна Муцунски во емисијата „Само вистина“ на новинарско прашање како го коментира денешното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС.

За Муцунски е недозволиво во 21-век, политичарите да преговараат за права кои се неотуѓиви.

„Не може политичарите да толкуваат и да влијаат врз современа историографија. Улогата е на тие што се компетентни, историчарите“, изјави Муцунски.

Слични содржини