Муцунски: За ВМРО-ДПМНЕ важно е да се има јасни правила и квалитетен систем за избори

од Берта Китинска

Во однос на реформите за избори кои ги предлага опозицијата, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вели дека станува збор за сеопфатна реформа на изборниот процес, создавање на пофер правила, но и процес кој ќе биде пофункционален за демократијата во Македонија, и за повеќе за нема проблеми кои се влечат постојано од избори во избори.

– Промени кои ќе значат 90 пратеници во Собранието наместо 120. Ние правиме исчекор и се согласуваме за моделот една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ не стравува од една изборна единица земајќи ја во предвид актуелната политичка клима, за нас е важно да имаме јасни и правила и квалитетен систем за спроведување на избори, а не постојано од изборен процес до изборен процес да ги влечеме истите забелешки кои од меѓународни организации и кои забелешки го нарушуваат изборниот процес, рече Муцунски во „Утрински Брифинг“.

Слични содржини