Музичарот Џонатан Џејкоб Мејер на суд: Тој е татко на 550 деца

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

На холандскиот музичар и блогер Џонатан Џејкоб Мејер (41) би можело да му биде забрането доживотно да донира сперма. Музичарот беше тужен во Хаг од „Доноркинд фондацијата“ бидејќи ја донирал својата сперма на различни клиники и на тој начин станал татко на 550 деца.

Освен Фондацијата, во Германија го тужи и жена на која ѝ донирал сперма и со која има дете.

Адвокатите го обвинуваат дека донирал сперма и со тоа станал татко на 550 деца ширум светот, иако во 2017 година му беше забрането да донира во Холандија.

Забраната дојде затоа што Мејер потпиша договор со Donorkind Foundation да биде донатор на само 25 деца, но неговата сперма беше достапна во десет клиники за жени или парови кои сакаа деца, па музичарот стана татко на 102 деца.

И покрај забраната, Холанѓанецот оваа практика ја продолжи и надвор од својата земја. Без да спомнува дека е донатор во неговата родна земја, продолжил да продава сперма преку социјалните мрежи и на различни веб-страници.

„Ваквото однесување е опасно за психолошката благосостојба и здравјето на децата на донаторот. Со ставање на неговите репродуктивни потреби на прво место, донаторот постапува незаконски“, цитира „Дејли Мејл“ адвокат од Donorkind Foundation.

Меѓутоа, Мејер не е тужен само од Фондацијата, туку и од мајката на едно дете.

„Да знаев дека тој е веќе татко на повеќе од 100 деца, никогаш немаше да го изберам. Кога размислувам за последиците што ова може да ги има врз моето дете, ми се гади. Многу мајки му велеа да престане, но ништо не помогна. Затоа, одењето на суд е единствениот начин да го заштитам своето дете“, вели жената.

Додека адвокатите на Фондацијата бараат 41-годишникот да ги открие имињата на клиниките каде што ја донирал спермата, мајката на едно дете сака преостанатите примероци да бидат уништени.

Слични содржини