МВР: 164 лица не ја почитувале забраната за движење

од Vladimir Zorba

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски час

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржуво до мерките за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.

Слични содржини