МВР: 167 санкционирани возачи во Скопје

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла…

Слични содржини