238
Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Стар Дојран, утрово во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ го уапсиле О.Т.(24) од Р.Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти.
О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.
За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.