Инспекторите од ДСЗИ го пријавиле во МВР, случајот со лицето со Ковид-19 кое починало по лечење дома, по нивниот наод на терен дека болната од матичниот лекар имала само пропишано таблетарна антибиотска терапија.
Роднините потврдиле дека починатото лице било лекувано дома и дека биле давани инфузии, иако матичниот лекар препорачал само антибиотска терапија. Семејството нема никаков извештај за тоа кој ја давал терапијата, ниту што било давано.
Предупредувањето како што посочуваат од инспекторатот е со цел да ги заштитат граѓаните. Во овој бран има масовно самолекување и освежување со инфузии во домашни услови потврди и директорката на Инфективна. Стевановиќ вели тоа само дополнително ја влошува состојбата.
Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат д-р Ирина Бухова апелира до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.