МВР ќе издава лични карти и денеска

од desk2
87 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска (30 септември 2018). 

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведена постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

– Денеска на денот на референдумот одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот, соопшти МВР.