За првпат, припадници на МВР ќе го озбедуваат доверливиот материјал, меѓу којшто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоците од прсти на гласачите, беше утврдено денеска на седница на Државната изборна комисија (ДИК). Исто беше донесе и Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со МВР.
-Се работи, пред се, за доверливиот материјал гласачките ливчиња и Избирачкиот список, но овој пат за првпат и со измените на законот и техничката опрема за гласање за идентификација на гласачите при гласање преку отпечаток од прст. Тоа значи дека целокупниот доверлив изборен материјал се регулира да биде задолжително обезбедувањето, чувањето и транспортот од страна на полицијата, објасни членот на ДИК Борис Кондарко.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски за Канал 5 денес изјави дека за утре е најавена првата пратка на фингерпринтовите, а за почеток ќе дојдат претставници од германската компанија која го доби тендерот, за да ги обучат нашите тимови кои ќе учествуваат во изборниот процес.
-Доколку има технички проблеми на изборниот ден, од компанијата Дермалог ќе има и логистика задолжена за поправка на терминалите, појасни Даштевски.