Министерството за внатрешни работи излезе со демант на дезинформациите објавени од порталот Вечер дека жената кај која е утврдено присуство на коронавирус пред неколку дена била дојдена од Италија.
„МВР ја информира јавноста дека жената влегла во Република Северна Македонија вчера (26.2.2020) во 02.33 часот на Граничниот премин Табановце, а остварен е контакт и со граничните полиции на Србија и Хрватска, од каде е потврдена рутата и тајмингот на движење“, стои во демантот на МВР.
Од Министерството апелираат до медиумите да не пласираат дезинформации кои создаваат вознемиреност кај граѓаните, а ги повикуваат и новинарските здруженија да преземат соодветни активности за да се спречат ваквите злоупотреби кои како што велат од МВР, за крајна цел имаат создавање на паника меѓу граѓаните.