По повод терористички напади во Париз, а во насока согледување на состојбите и подигнување на нивото на безбедност и мобилност на полицијата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа колегиум со највисокото раководство во МВР.

oliver-spasovski-540x292

На колегиумот, како што информира МВР, беше констатирано дека во моментов не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија и беа донесени повеќе заклучоци кои веднаш ќе бидат реализирани.

– Ќе биде зајакната безбедноста во и околу објектите кои се во функција на полицијата, ќе бидат зајакнати мерките и активности при обезбедување на јавни собири и спортски манифестации на кои има присуство на поголем број граѓани, како и зајакнување на контролата над мигрантите кои остваруваат влез во Република Македонија, а посебно во привремениот транзитен центар во Гевгелија, како и на северната и јужната граница опфатени со Одлуката за прогласена кризна состојба, се вели во соопштението од МВР.

Покрај оперативните активности во функција на поголема ефикасност и мобилност на полицијата и другите надлежни служби, за чие итно спроведување се задолжени организациските единици при Министерството, заклучено е да се преземат дополнителни мерки и активности за обезбедување личности и витални објекти кои ги обезбедува Министерството за внатрешни работи./МИА

Слични содржини