🎥Дончиќ постигна нереален кош, па „сочно“ го опцу противникот! Неговото оправдување е урнебесно…

од Vladimir Zorba

Откако постигна тројка за победа на Далас Маверикс на три секунди до крајот, со која неговиот тим дојде до 2:0 во финалето на Западната конференција, Лука Дончиќ диво го прослави кошот.

Словенецот долго време го одмеруваше Руди Гоберт, четирикратниот и актуелен најдобар одбранбен играч во лигата, а потоа погоди одличен шут за победа. Кога топката влезе во кошот, камерите веднаш ја уловија реакцијата на Дончиќ, кој „со избрани зборови“ го почести францускиот играч висок 216 сантиметри.

– Не можеш е*ено да ме чуваш! – викаше Дончиќ гледајќи во Гобер, кој во тој момент беше свртен со грб.

По натпреварот, на прес-конференцијата новинарите го поздравија Дончиќ со прашање за таа ситуација, а неговиот одговор беше многу интересен.

– Кој го рече тоа? Јас не го кажав тоа, зборував словенечки – рече Дончиќ, чешајќи ја главата и криејќи мистериозна насмевка, со која практично ја откри иронијата во одговорот…

Слични содржини