Локалните избори 2025 кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, велат од Министерството за внатрешни рабои (МВР) вечерва.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, додадоа од МВР.