МВР пронајде 13 мигранти од Пакистан кои се криеле во „ауди а8“

од Nikola Popovski
219 прегледи

МВР соопшти дека пронајдени се 13 мигранти во возило „ауди а8“ во близина на с. Сарамзалино, општина Лозово.

„На 4.6.2021, околу 6.30 часот, на клучката кај Велес, во правец на Свети Николе, полициски службеници забележале патничко возило ‘сеат алтеа’, со скопски регистарски ознаки, за кое постоеле сознанија дека е претходница во случај на шверцување мигранти. Откако тргнале по возилото, полициски службеници забележале друго возило ‘ауди а8’, без регистарски ознаки, кое поминало покрај нив со голема брзина. Набргу возилото ‘ауди’ било пронајдено во близина на с. Сарамзалино, општина Лозово, и во него биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан“, соопшти полицијата.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негова насока, некои од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, а други во транзитниот центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.