МВР: Рашковски има дозвола од судот за да оди на лекар

од Nikola Popovski

Екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, имал дозвола од судот да се оддалечи од својот дом поради здравствени потреби, велат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, ова му се дозволува со решение од судот за да оди на лекар.

„Д.Р. има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот, освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот, Д.Р. ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Д.Р. ја почитувал мерката која му е изречена“, велат од полицијата.

Рашковски се наоѓа во куќен притвор како осомничен во истрага за набавка на софтвер во периодот додека беше генерален секретар.

Ова доаѓа откако поранешниот владин генерален секретар вчера беше фотографиран на улица во Аеродром.

Слични содржини