МВР со детали за вчерашниот упадна на свадбата на која присуствувале 250 гости

од Берта Китинска

Вчера во периодот од 20.00 до 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Глумово – Сарај.

Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата на Владата на Република Северна Македонија за неносење на лична заштита на лицето.

Слични содржини