МВР: Во изолација 790 лица, шестмина не ја почитувале

од Берта Китинска
264 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.

За неносење лична заштита на лице санкционирани ќе бидат 1071 лице.

Слични содржини