МВР: Во кругот на пораешна „Газела“ се снима филм, можни се сцени со пукање

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во кругот на поранешна „Газела“ се снима филм, при што се снимаат и сцени со пукање, за што, како што потенцираат оттаму, МВР е навремено известено од организаторот.

Министерството за внатрешни работи, апелира до медиумите да не се пласираат непроверени информации во јавноста и за соодветна информација да се обратат до Секторот за односи со јавност, соопштуваат од МВР.

Слични содржини