МВР информира дека во во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Куманово, санкционирани се 54 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
„Од нив двајца возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната“, соопшти полицијата.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.