МВР за обвинувањата на Димитриевски: Нема да дозволиме било каков притисок

од Берта Китинска

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска со вклучување во живо преку Фејсбук се пожали дека утрово полициско возило го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.

Од полицијата  за „Локално“ велат дека МВР го има вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот.

-Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, информираа од МВР.

Слични содржини