МЗ: Нови 25 лица починаа од корона, вкупно 2.121 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека во изминатово деноноќи нови 25 лица починале од последиците на Ковид-19.

Од нив, осум пациенти се од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г).

Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Од почетокот на кризата во земјава досега почина 2.121 лица.

Слични содржини