МЗТ победнички ја заврши годината

од Aleksandar Petrovski
276 прегледи

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром победнички ја завршија 2019 година, откако во последниот годинешен меч на домашен терен, го совладаа босанскиот тим ОКК Спарс со 73-64 во 13. коло од АБА2-лигата.

Ова беше седма победа по ред за аеродромци сезонава во регионалното првенство, со која останаа на второто место на табелата со учинок 10-3.

Дамјан Стојановски реализира 17 поени, Марин Морнар средбата ја заврши со 16 поени и шест скока, додека Ѓорѓе Милошевиќ имаше учинок од 16 поени, осум скока и четири асистенции. Поранешниот кошаркар на Партизан, Адин Врабец со 15 поени беше најпрецизен кај Спарс.

Следниот меч за МЗТ Скопје е веќе на 2 јануари и тоа на гости против словенечка Рогашка.

Слични содржини