Забавно на кошаркарските терени во Македонија: Тренер влета во терен и сопре контра на противнички играч (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

КОШАРКАРИТЕ на МЗТ го победија тимот на Кожув во четвртфиналето од македонскиот шампионат со убедливи 83:69, но по тој меч повеќе се зборува за еден потег на српскиот тренер на победничката екипа отколку за самата игра.

При резултат 32:28, Драган Николиќ влезе на паркетот за гостинската екипа и ги шокираше сите во салата.

Српскиот тренер не направи чекор, влезе на добри два-три метри, и застана пред ривалскиот кошаркар кој во контра напад го предводеше својот тим.

Судијата и играчите интервенираа пред да ескалира ситуацијата.

Слични содржини