N1: Осум ученици загинаа во престрелката во српското училиште утрово

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Осум ученици и вработен во обезбедувањето загинале во престрелката што утринава во училиштето на Врачар, Србија, неофицијално дознава порталот N1 од српското МВР.

Да потсетиме, момче (14) утрово пукало во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и во таа прилика застрела шест лица, како што досега беше потврдено, меѓу кои и деца и училишниот чувар. Како што неофицијално се наведува, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука, откако го убил чуварот во училишниот хол.

Според неофицијални информации, прво бил ранет чуварот, кој набргу по пукањето починал.

„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и целиот тим“, вели потресената мајка на едно дете од училиштето.

Напаѓачот, Коста Кецмановиќ, неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби.

Минатата година го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Утрово упаднал на час по историја, прво ја ранил наставничката, а потоа ги застрелал своите другари.

Слични содржини