На аукција фустанот на Мерлин Монро од роденденот на Кенеди

од Vladimir Zorba
104 прегледи

 

Фустанот со боја на кожа, во кој Мерлин Монро пред 54 години му го честиташе роденденот на тогашниот претседател на САД Џон Ф. Кенеди, ќе биде понуден на аукција оваа есен во Лос Анџелес. се проценува дека фустанот би можел да достигне цена од дури три милиони долари.mm

Акциската куќа „Џулијенс аукшенс“ на заинтересираните купуваќи на 17 ноември ќе им го понуди фустанот украсен со светки.mmoro

Монро, овој фустан го носела на роденденската прослава на Кенеди во Медисон сквер гарден во 1962 година, на помалку од три месеци пред да почина од прекумерна доза на апчиња за спиење.

Фустанот последен пат беше продаден во 1999 година по цена од 1,26 милиони долари.