На цивилите во Газа преку пораки им се нудат пари за информации за заложниците на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Цивили во Појасот Газа добиле пораки во кои им се нудат пари во замена за информации за заложниците кои ги држи палестинската група Хамас во Газа.

Пораката која може да се види на социјалните мрежи гласи: „Дали сте заинтересирани за подобра иднина на вашето семејство, и убава финансиска награда? Имате ли информации за заложниците или кој ги држи? Не двоумете се да нè контактирате на овој број“.

Внатре во пораката има линкови до каналите на социјалните мрежи за контакт со испраќачот и линк до документи со слики од заложниците, пишува The Times of Israel.

Засега не е познато кое тело во рамките на израелскиот безбедносен апарат испраќа пораки до цивилите, додава порталот.

Израел претходно дистрибуираше летоци во Газа во кои нуди награди за информации за заложниците.

Се верува дека Хамас сè уште држи околу 130 заложници од 253-те киднапирани во нападите на 7 октомври минатата година.

Слични содржини