Светот, а особено Македонија, со нетрпение го очекува доделувањето на Оскарите. Сите стискаме палци за нашата „Медена земја“, која е номинирана во две престижни категории – најдобар документарец и најдобар странски филм.
Но, денот пред Оскарите е познат и по нешто друго – денес излегоа номинациите за Златна малина, која е т.н. антиоскаровски пандан на големата церемонија и тука награди добиваат најлошите филмски остварувања од претходната година.
Најмногу номинации за Златна малина имаат „Cats“, „A Madea Family Funeral“ и „Rambo: Last Blood“, секој по осум номинации и тоа сите се најдоа номинирани за најлош филм, најлоша споредна улога и најлошо сценарио. За Златна малина се бори Хилари Даф за најлоша актерка во „The Haunting of Sharon Tate“, Ен Хатавеј во „The Hustle“ и „Serenity“, Ребел Вилсон во „The Hustle“…
Најлош филм
Cats
The Fanatic
The Haunting of Sharon Tate
A Madea Family Funeral
Rambo: Last Blood
Најлош актер во главна улога
Џејмс Франко, Zeroville
Дејвид Харбор, Hellboy
Метху Меконахи, Serenity
Силвестар Сталоне, Rambo: Last Blood
Џон Траволта, The Fanatic, Trading Paint
Најлоша актерка во главна улога
Хилари Даф, The Haunting of Sharon Tate
Ен Хатавеј, The Hustle, Serenity
Феанческа Хејворд, Cats
Тајлер Пери, A Madea Family Funeral
Ребел Вилсон, The Hustle
Целосната листа со номинации за Златна малина можете да ја видите ТУКА.