
Едвај некој да го знае нејзиното вистинско име Маргарете Гертруда Зелка. Како Мата Хари сепак ја знаат сите. На овој ден пред еден век убавата шпионка е егзекутиран во Париз. Маргарете Зелка е родена на 7 август 1876 година во холандскиот град Леуварден.
Таа е второто дете и единствена ќерка на Адам Зелка и неговата сопруга Анте ван Дер Мелен кои имаат уште три сина. Таткото е сопственик на продавница за шапки и добива добар приход од вложувања во нефтенатаа индустрија. Четирите негови деца посетуваат елитно училиште, но животот на семејството се превртува кога Адам Зелка банкротира.
Маргарете има 13 години, кога нејзините родители се развеле, а само две години подоцна, нејзината мајка умира. Првично Адам Зелка ја испраќа ќерката кај својот кум во северниот дел на Холандија, но подоцна Маргарете е запишана во училиште за професорка во градот Лајден, Јужна Холандија.
Таму младата убавица за првпат се разбира дека може да ги фасцинира мажите и го заведува директорот на училиштето. По што избувнува голем скандал.
Нјезиниот кум веднаш ја прибира дома, но слободната Маргарете не сака да живее во неговиот дом, каде што правилата се строги. Неколку месеци подоцна девојката оди кај чичко и во Хаг.
Таму сепак се чини дека ситуацијата не е многу различна. Затоа и 19-годишната девојка брзо се ориентира кон изборот на сопруг. Во весник пишува дека ерген бара жена и тогаш Маргарете го открива 39-годишниот Рудолф Маклеод – офицер од холандската колонијална армија.
Двајцата се земаат и прво живеат на островот Јава, а потоа и на островот Суматра. Маргарете раѓа две деца, но семејниот живот воопшто не и е лесен. Офицерот има жешок темперамент и слабост кон алкохолот. Токму во Индонезија сепак младата Маргарете ја открива магијата на танцот и започнува да посетува танцово училиште, каде изучува не само индонезиски традиционални туку и национални танци.
Таму таа за прв пат се нарекува Мата Хари, што во буквален превод значи „Окото на денот“. Во 1899 година доживува нова трагедија загинува нејзиниот. 2-годишниот син умира, а едногодишната ќерка едвај преживува. Според најзастапената верзија децата се отруени од гувернанта.
Три години подоцна Маргарете и Рудолф се враќаат во Холандија. Бракот сепак им се распаѓа и потоа се разведува. По разводот девојчето останува кај таткото, а Маргарете заминува за Париз. Првично Холанѓанка се обидува да стане модел на уметници, но е одбиена поради малата фигура.
Во 1905 година Маргарете веќе се претставува како Мата Хари, се појавува на сцената во француската престолнина. Нејзиниот еротски танц завршува кога останува само по нараквици и бисерен ѓердан. Така се раѓа легендата на Мата Хари, која стриптиз го крева на ранг на уметност и ја освојува публиката со необична стил и екзотичност.
Холанѓанка има настапи во Монако, Германија и други европски земји. Во тоа време сексапилната бринета има врска со многу високи и влијателни воени и политичари, од кои добива повеќе скапи подароци. Нејзината кариера на танчарка трае од 1905 до 1912 година, но потоа патувањата низ Европа стануваат се потешки.
Некои историчари сметаат дека Мата Хари завршува германска разузнавачка школа во Антверпен, Белгија, но нема историски документи кои тоа го потврдат. Кога точно била врбувана холандската танчарка и до денес останува не е јасно. Француското контраразузнавање смета дека Мата Хари била врбувана од Берлин уште пред Првата светска војна.
Првата информација за тоа дека жена шпионира во корист на Германија, Французите добиваат во 1916 година. Кога Мата Хара разбира дека е откриена, таа сама оди кај француските контраразузнавачи и им нуди своите услуги. За да ја проверат новат агентка, на почетокот на 1917 година француските служби ја испраќаат Во незначителна мисија во Мадрид.
За време на нејзиниот престој Французите добиваат воено порака од германската амбасада во Мадрид до Берлин, во кое се зборува за француски агент H-21, кој треба да се врати во Париз-тоа е бројот на Мата. На 13 февруари 1917 година во француската престолнина службите ја претресуваат нејзината хотелска соба и макар не наоѓаат убедливи докази тие ја апсат и ја обвинуваат дека работи за Германците.
Мата Хари е испратена во затвор во Сен Лазар. За време на четиримесечното испрашувањата Холанѓанка тврди дека е невина и нема никаква врска со германското разузнавање, освен љубовните врски со офицери од Берлин. Меѓутоа на 25 јули 1917 година Мата Хари е прогласена за виновна за шпионажа во корист на Германија и за дезинформации на француските разузнавачки служби за време на Првата светска војна, по што е осудена на смрт.
Обвинителот Андре Морне вели дека „штетата нанесена од оваа жена, се неискажливи“ и ја нарекува „најголемата шпионка на векот“. 41-годишната Маргарете е егзекутирана во Париз, рано утро на 15 октомври 1917 година.
Легендата вели дека се соочува со одредот за стрелање облечена во кадифена наметка, носела шапка со големи перифериии и испратила бакнеж кон војниците со пушките и до последен момент не го тргнала погледот од нив.
Бидејќи никој од нејзините роднини не доаѓа да прибере нејзиното тело, тоа е оставено за медицински истражувања, а подоцна главата и е балсамирана и чувана во Музејот по анатомија во Париз. Во 2000 година, сепак откриваат дека главата недостасува и дека е можно да е исчезната уште во 1954 година, кога музејот се преселува на нова локација. Постојат документи од 1918 година, кои покажуваат дека музејот ги добил и нејзините остатоци, но тие исто така не можат да бидат откриени.