753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим.
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигнал до брегот на Бразил и го прогласил за португалски имот.
1509.- Умрел англискиот крал Хенри Седми, основач на династијата Тјудор.
1699.- Умрел францускиот писател Жан Батист Расин, кој до совршенство ја довел француската трагедија и инсистирал на психолошка анализа на човечката, главно љубовната страст. Негови најпознати дела се трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други.
1816.- Родена е Шарлота Бронте, англиска писателка. Се прославила со романот „Џејн Ејр“. Други нејзини познати дела се: „Ема“, „Професор“ и „Вилета“. Умрела во 1855 година.
1856.- Австралија е првата земја во светот која вовела осумчасовно работно време.
1918.- Во воздушна борба загинал германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвениот барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Тој во текот на војната соборил повеќе од 80 непријателски авиони.
1926.- Родена е британската принцеза Елизабета Александра Мери, од 1952 година Елизабета Втора, кралица на Велика Британија.
1946.- Во Скопје била изведена првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна.
1960.- Главниот град на Бразил бил преместен од Рио де Жанеиро во Бразилија.
1967.- Оружените сили на Кралството Грција под раководство на десничарски ориентираните полковници извршиле државен удар и ги укинале сите уставни институции во земјата. Обидот на кралот да изврши противнапад не успеал, па монархот морал да ја напушти земјата. Извесно време во Грција постоело регентство, а потоа била прогласена република.
1993.- Врховниот суд на Боливија на 30 години затвор го осудил поранешниот диктатор Луис Гарсија Меса, под обвинение за убиства, грабежи, измами и непочитување на Уставот.
1994.- Во населбата Драчево, кај Скопје, била предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациска врска меѓу Република Македонија и САД.
1997.- Првите кинески војници навлегле во Хонгконг во рамките на подготовките за преминување на таа британска колонија на 1 јули 1997 година под суверенитет на Кина.
2010.- Умрел Хуан Антонио Самаран, долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). На чело на МОК бил од 1980 до 2001 година.
2014.- На Малта на 67-годишна возраст по кратко боледување починал Љупчо Самарџиски, еден од најзначајните мултимедијални уметници со меѓународно реноме, сликар, солист на контрабас и композитор. Од 1985 до 1993 година живеел во Париз, а од 1995 година на Малта. Како солист на контрабас настапувал скоро во сите земји во Европа, САД, Канада, Бразил, Мексико. Бил член на повеќе светски уметнички асоцијации вклучувајќи ги и УНЕСКО и Ф.И.А.М. Љупчо Самарџиски бил роден на 4 октомври 1947 година во Скопје.