
16 декември 2016 година
– Национален празник на Република Етиопија
1485.- Родена е шпанската принцеза Катарина Арагонска, прва од шесте жени на англискиот крал Хенри VIII. Разводот во 1533 година, извршен без дозвола од папата, предизвика реформи во англиската црква и прекин со Ватикан. Хенри VIII се разведуваше повеќепати бидејќи немаше машки деца кои би биле наследници на престолот.
1678.- Умре англискиот економист Вилијам V, творец на теоријата на работните вредности, кој според Карл Маркс ги постави темелите на политичката економија како наука. Дела: „Нешто за парите“, „Политичка анатомија на Ирска“, „Политичка аритметика“.
1770.- Во Бон е роден Лудвиг Ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Универзалноста на неговата генијалност се гледа во поетското и длабоко доживеано отсликување на природата, во непосредното изразување на лирските и љубовните чувства, во вербата во посреќната иднина и создавањето на општочовечкото богатство. Компонирал девет симфонии, сонати и други музички дела. Умрел во Виена, на 26 март 1827 година.
1773.- Незадоволна од високите увозни царини и од британската колонијална власт, група американски колонисти, во бостонското морско пристаниште ги исфрли сандаците полни со чај од еден британски брод. Тој случај, подоцна наречен „бостонска чајанка“, ја навести американската војна за независност започната во 1775 година.
1775.- Родена е англиската писателка Џејн Остин. Таа во романите реалистички го слика секојдневниот живот на англиската провинција. Заплетите на нејзините романи, проткаени со хумор и блага иронија се едноставни и произлегуваат од психологијата на ликовите во обичните човечки односи, а дијалогот е многу вешто воден. Дела: „Гордост и предрасуди“, „Менсфилдски парк“, „Ема“ и други.
1859.- Умре германскиот писател Вилхелм Грим, собирач и обработувач на народни бајки кои како и повеќето други дела ги објави заедно со неговиот постар брат Јакоб. Тој ја проучувал и митологијата.
1869.- Во Ресен е роден д-р Христо Татарчев, еден од основоположниците на БМОРК – првото основачко име на македонската револуционерна организација во Солун, во 1893 година. Бил претседател на Организацијата од нејзиното основање, па се до 1901 година. Умрел на 5 јануари 1952 година, во Торино, Италија.
1899.- Роден е англискиот писател, актер и пејач Ноел Кауард, многу популарен меѓу Првата и Втората светска војна во Велка Британија и САД. Пишувал и режирал драми, комедии и музички ревии, а според повеќето негови комедии се снимени и филмови. Дела: „Збор и музика“, „Приватен живот“ и други.
1912.- Во селото Војница, Велешко, е роден Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. Во 1940 година ја објавил првата стихозбирка “М’лскавици”, а во 1941 година и втората збирка “Пеш по светот”. Се самоубил при прогон од бугарската фашистичка полиција во Софија, на 2 септември 1941 година.
1917.- Роден е англискиот писател и визионер Артур Кларк. Во неговите научно-фантастични романи и приказни главни теми се истражувањето на вселената, морските длабочини, како и времето. Го интересирале и последиците на можните човечки контакти со вонземска цивилизација. Дела: „2001: Одисеја во вселената“, “2001: Конечна одисеја“, „Крај на детството“, „Град и ѕвезди“, збирката приказни „Од другата страна на небото“, „Приказни за десет света“, „Средба со Медуза“, „Сончев ветер“.
1920.- Силен земјотрес ја погоди Кина, при што ја опустоши провинцијата Шанси. Под урнатините на зградите загинаа околу 180.000 луѓе.
1921.- Умре Камиј Сен-Санс, француски композитор, главен претставник на класичниот правец во француската музика од 19. век. Најзначајно дело му е операта „Самсон и Далида“. Роден е на 3 октомври 1835 година.
1944.- Германците во Втората светска војна во Ардените, со силна артилериска подготовка и со спуштање на 1.500 падобранци, ја започнаа контраофанзивата на Западниот фронт, изненадувајќи ги американските сили. Во борбите кои завршија со пораз на Германија, сојузниците изгубија 77.000 војници, а Германците 130.000.
1945.- Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.
1946.- Започна наставата на катедрите по математика, физика, хемија, биологија и географија со етнологија на Природно-математичкиот оддел на Филозофскиот факултет во Скопје.
1949.- Водачот во борбата за независност Ахмед Сукарно беше избран за претседател на Индонезија, по стекнувањето на независност од Холандија.
1966.- Советот за безбедност на Обединетите нации на предлог на Велика Британија едногласно ги изгласа економските санкции против режимот на белото малцинство во Родезија.
1969.- Долниот дом на британскиот парламент ја укина смртната казна.
1969.- Во Скопје умре Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат “Зборникот на македонски народни песни”, “Соборски народни песни”, “Македонски борбени народни песни” и “Моми тиквешанки”. Роден е во Кавадарци, на 14 јануари 1906 година.
1993.- Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји-членки на ЕУ – Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска – воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија.
1995.- Со одлука на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикатите (ЕКС), Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) стана член на Форумот на ЕКС.
1998.- Американски и британски авиони го нападнаа Ирак.
1999.- Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол призна дека погрешил заради прикривање на донациите на Христијанско-демократската унија, владејачката германска партија која тој ја предводеше, но го отфрли тврдењето дека станува збор за подмитување.
2004.- Новиот претседател на САД Џорџ Буш го именуваше пензионираниот генерал Колин Пауел за државен секретар, кој стана прв Афроамериканец на функцијата шеф на дипломатијата.
2002.- Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана и генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон го официјализираа стратешкото партнерство на двете организации за управувањето со кризи, со што беше овозможено ЕУ да создаде сопствени сили за брза интервенција и сама воено да интервенира во странство.
2003.- Швајцарското собрание ја усвои резолуцијата со која масакрот врз Ерменците кој се случи во Турција во текот на Првата светска војна е означен како геноцид.
2004.- Во Тајван, во престолнината Тајпеј се монтирани најбрзите лифтови во светот (1.014 метри во минута). Монтирани се на дотогаш највисоката зграда во светот, висока 508 метри.